Русите истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина

Од:

Руска ракета утрово погоди нестанбена зграда во областа Холосиев во Киев при што загина најмалку едно лице, а уште две се повредени, јави Киев Пост повикувајќи се на градоначалникот на Киев.

Украинската воздушна одбрана утрово пресретнува руски напади откако московските сили истрелаа повеќе од 30 проектили врз Украина, соопшти украинското воздухопловство.

Портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Ихнат на украинската телевизија изјави дека околу шест руски авиони Ту-95 „полетале од рускиот регион Мурманск и лансирале проектили“.

– Очекуваме повеќе од 30 проектили, кои веќе почнаа да се појавуваат во различни региони, рече Ихнат, додавајќи дека украинската воздушна одбрана работи на пресретнување на нападите.

Некои проектили го погодија западно-централниот украински регион Винитсија, соопшти гувернерот Серхиј Борзов на Телеграм, но нема информации за жртви.

Шефот на градската воена управа на Киев, Серхиј Попко, исто така на Телеграм соопшти дека повеќе од 15 крстосувачки ракети биле лансирани „во правец на Киев“ и сите биле соборени.

Во цела Украина во сила е тревога за воздушен напад.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски