Русин кој во рачен багаж носел 26.000 дијаманти со вредност од најмалку 162.000 долари, на московскиот аеродром изјавил дека „нема што да пријави“, пренесува Huffingtonpost.
– Невработениот 37-годишен руски државјанин, кој ги носел дијамантите во пластична проѕирна кеса, ги пренесувал од Дубаи, приведен е вчера на аеродромот Шереметјево, соопшти руската царинска служба.
Портпаролката на аеродромот Наталија Карасева истакна дека еден цариник забележал, за време на редовниот преглед на багажот, видно нервозен патниик како ја држи торбата под пазува, па побарал да види што има во неа.
Приведениот маж е од Дегестан и изјавил дека дијамантите ги носел за негов пријател. Се уште не е познато дали против него ќе биде покрената кривична постапка.