Русија започна истрага за перење пари во Молдавија

Од:

Руското Министерство за внатрешни работи започна истрага за перење пари, со која е опфатен и лидерот на Демократската партија на Молдавија, Владимир Плахотник.

Истрагата е иницирана само два дена пред парламентарните избори во оваа поранешна советска република.

Во Молдавија в недела се одржуваат избори на кои се очекува неизвесен дуел меѓу екстремно левичарската Социјалистичка партија на Република Молдавија (ПСРМ) на претседателот Игор Додон и двете опозициски сили, социјалдемократската Демократската партија на Молдавија (ПДМ) и проевроската коалиција предводена од конзервативната Либерално демократска партија на Молдавија (ПЛДМ).

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека испитува перење пари преку две руски банки, што било организирано од страна на некои од најбогатите луѓе во Молдавија, меѓу кои и Владимир Плахотник и Вјечеслав Платон.

Плахотник е лидер на ПДМ и еден од највлијателните луѓе во земјата.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски