Русија започна големи воени вежби, вклучени се повеќе од 3000 луѓе

Од:

Стратешките ракетни сили на Русија започнаа планирани вежби во кои се вклучени мобилните нуклеарни интерконтинентални балистички ракетни системи Yars, соопшти руското Министерство за одбрана.

„Вкупно има повеќе од 3.000 лица – воен персонал и околу 300 парчиња опрема се вклучени во вежбите“, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Овие вежби уследија по вчерашното соопштение на руското Министерство за одбрана дека руската морнарица истрелала суперсонични противбродски ракети врз лажна цел во Јапонското Море.

Русите вчера објавија дека со ракета Москит погодиле цел на оддалеченост од 100 километри

„Во водите на Јапонското Море, ракетни бродови на Тихоокеанската флота истрелаа крстаречки ракети од типот Москит врз лажна непријателска морска цел“, објави вчера Министерството на својот профил на Телеграм.

Во таа прилика руското Министерство за одбрана прецизираше дека целта, која се наоѓала на оддалеченост од околу 100 километри, била успешно погодена со две крстосувачки ракети Москит.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски