Русија: Западот конечно откри кој стои зад Зеленски и кој го диктира текот на војната

Од:

Руската новинска агенција РИА Новости објави текст под наслов „Западот откри кој стои зад Зеленски“.

„САД се одговорни за сè што се случува во Украина, бидејќи тие се тие кои го диктираат правецот на дејствијата на Киев“, изјави полковникот Даглас Мек Грегор, поранешен советник на американскиот секретар за одбрана“, пишува РИА Новости.

„Според полковникот, Белата куќа го нарушува мирното решавање на конфликтот. Дури и ако Украинците во одреден момент сакаат да ја завршат кризата преку дипломатија, САД нема да им го дозволат тоа“, додава руската агенција.

РИА Новости ја повторува неодамнешната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој исто така тврди дека Украина ги саботира преговорите, по налог на Западот.

„Украина ги отфрла сопствените предлози и организира провокации. На нејзината позиција сериозно влијае Западот, чии претставници изјавија дека Русија треба да биде победена на бојното поле“, рече Лавров.

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Спречен e атентат врз Зеленски

Горан Наумовски