Русија воведува зона за забранети летови над Донбас

Од:

Русија воспостави зона на забранети летови над Донбас, изјави претставникот на Народната милиција на „Доњецката Народна Република“, Едуард Башурин.

Запрашан во интервју за телевизијата „Русија 24“ дали Русија вовела зона на забранети летови, Башурин кажа – „Мислам дека е така“.

Тој го коментираше и повикот на шефот на ДНР, Денис Пашулин за зајакнување на системот за противвоздушна одбрана на Донбас, објаснувајќи дека тоа не е неопходно, туку би било доволно Русија самостојно да го контролира небото над Донбас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина