Русија: Уништени 54 украински воени објекти за еден ден

Од:

Авиони на руските воздухопловни сили уништија 54 воени објекти во Украина во изминатите 24 часа, додека руската противвоздушна одбрана собори едно украинско беспилотно летало, изјави денеска портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

– Тактички, воени и беспилотни летала погодија 54 воени објекти во Украина. Меѓу нив има три командни пунктови, четири повеќецевни ракетни системи, четири складишта за муниција и 44 локации каде што била концентрирана воена опрема, прецизира Конашенков.

Тој додаде дека едно украинско беспилотно летало било погодено во воздух во изминатите 24 часа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Украина користи балистички ракети со долг дострел кои тајно ѝ биле обезбедени од САД

Лукашенко: Украина ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори

Во рускиот напад на регионот Черкаси повредени се шест лица

Стејт департментот официјално ја потврди тајната испорака на ракети со долг дострел на Украина

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина

Горан Наумовски

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала