Русија: Украина нападна болница во Луганск

Од:

Руското Министерство за одбрана ги обвини украинските сили за напад врз болница во областа Луганск, во кој загинаа 14 лица, а 24 беа ранети.

Во саботата наутро во градот Новоаидар, „украинските вооружени сили намерно ја нападнаа зградата на окружната болница“ со ракетниот систем ХИМАРС од американско производство, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството додаде дека меѓу „болничките пациенти и медицинскиот персонал“ загинале 14, а ранети се 24, пренесува AFP.

„Намерниот ракетен напад врз добро позната активна цивилна медицинска установа без сомнение е сериозно воено злосторство од страна на режимот во Киев“, додаде Министерството.

Би можело да ве интересира

Руски ракетен напад врз Одеса, има повредени

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Стрелков: Го советувам Путин да замолчи и да не ја отвора устата

Ана Ололовска

Русија бара работници за изградба на утврдувања на Крим – дневница до 90 долари

Путин: Британија најави испраќање тенкови и гранати со осиромашен ураниум, ако тоа се случи, ќе одговориме

Ана Ололовска

Шојгу: Можен е нуклеарен судир меѓу Русија и Западот

Ана Ололовска

САД: Украина ќе ги добие нашите тенкови Абрамс до есен

Ана Ололовска