Русија: Убивме над 600 Украинци во еден напад

Од:

Руското Министерство за одбрана соопшти дека повеќе од 600 украински војници загинале во ракетен напад врз две згради во источна Украина, каде што привремено биле стационирани украинските сили. Ројтерс не можеше веднаш да го потврди тврдењето на Министерството за одбрана.

Украинската страна засега не го коментираше руското тврдење, иако градоначалникот на источниот град Краматорск, кој претходно денеска беше цел на руските сили, на Фејсбук објави дека нема загинати во нападот на различни згради во градот.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека нападот на зградите во Краматорск е одмазда за смртоносниот украински напад на почетокот на оваа година врз руската касарна во Макиевка во делот на регионот Доњецк контролиран од руските сили. Во тој напад загинаа најмалку 89 руски војници.

Министерството во соопштението наведе дека користело доверливи разузнавачки информации за гранатирање на украинските сили и дека 700 украински војници биле сместени во еден хостел, а други 600 во друг.

„Најмалку 600 украински војници загинаа во масовен ракетен напад врз овие привремени сместувачки објекти на единиците на украинската армија“, тврди руското Министерство за одбрана.

Ако руските наводи се точни, тоа би била најголемата поединечна загуба на украинската армија од почетокот на руската инвазија на 24 февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ