Русија тврди дека нема да бара екстрадиција на оние кои ја напуштија земјата за да избегнат мобилизација

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нема да бара екстрадиција од странски влади за илјадниците руски државјани кои ја напуштаат земјата во обид да избегнат мобилизација поради војната во Украина.

– Во рамките на делумната мобилизација, руското Министерство за одбрана не испрати, не подготви и нема да испрати барања до Казахстан, Грузија и други земји во врска со можното присилно враќање во Русија на руските државјани кои се на нивна територија, се вели во соопштението.

По објавата за „делумна“ воена мобилизација на резервисти на 21 септември, десетици илјади военоспособни Руси избегаа во странство, најмногу во поранешните советски републики Централна Азија и регионот на Кавказ.

Ако руски државјанин добие покана и не се појави во соодветниот воен комесаријат, теоретски може да се смета за дезертер и да се стави на списокот на барани лица во Русија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Грција бара екстрадиција на македонскиот државјанин осомничен за убиството на Халкидики

А1он

Палевски може да се жали на секоја фаза од постапката и само тој има право да побара побрза екстрадиција

Косовец уапсен во Македонија: Интерпол го барал за убиство во Еквадор

Обвинителството го изготви барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Орце Костов

Барањето за екстрадиција на Демири е активно од 2018 година, Министерството за правда чека одговор

Анита Петровска Рајковиќ

Русија ги демантираше гласините за втор бран на мобилизација

А1он