Русија со сериознa заканa до Западот: Ќе одговориме ако испратите муниција со осиромашен ураниум

Од:

Руското Министерство за надворешни работи реагираше на најавите дека Велика Британија може да и достави на Украина муниција што содржи осиромашен ураниум.

„Москва нема да остане без одговор за намерите на Британија“, се вели во соопштението на МНР.

„Оваа одлука нема да остане без сериозни последици и за руско-британските билатерални односи и на меѓународно ниво, каде што првичната реакција на мултилатералните структури веќе укажува на целосно отфрлање на ваквите планови од страна на Лондон. Ние нема да ги оставиме таквите акции без одговор“, се вели во соопштението..

Да потсетиме, претседателот на Русија, Владимир Путин вчера по разговорот со Си Џинпинг ги коментираше најавите за можна испорака на муниција со осиромашен ураниум во Украина.

Путин го предупреди Западот дека Русија ќе реагира доколку „колективниот Запад почне да користи оружје со нуклеарна компонента“.

„Денес се дозна дека Велика Британија, преку заменик-шефот на Министерството за одбрана на земјата, најавила не само испорака на тенкови во Украина, туку и гранати со осиромашен ураниум. Се чини дека Западот навистина одлучил да се бори против Русија за последниот Украинец, и не само со зборови, туку и со дела“, рече Путин.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“

Русија за американската помош: Ова дополнително ќе ја уништи Украина