Русија се огласи за оделата на нејзините космонаути: Да се ​​гледа украинското знаме насекаде и во се е лудост

Од:

Руската вселенска агенција се огласи за космонаутите кои носеа жолти одела со сини елементи на Меѓународната вселенска станица (ICC), што беше протолкувано како поддршка за Украина.

„Понекогаш жолтата е само жолта“, соопшти руската вселенска агенција Роскосмос.

Оделата на новиот екипаж се направени во боите на амблемот на Московскиот државен технички универзитет Бауман, каде што дипломирале сите тројца космонаути. Да се ​​гледа украинското знаме насекаде и во се е лудост се вели во објаснувањето од Руската вселенска агенција.

„Секоја екипа избира боја што изгледа различно. Нашиот ред беше да ја избереме бојата. Вистината е дека собравме многу жолта ткаенина, па моравме да ја потрошиме. Затоа моравме да носиме жолти одела за летање“, објасни командантот на мисијата Олег Артемјев.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ