Русија: САД намерно го дестабилизираат Блискиот Исток

Од:

САД намерно го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани за да ја поткопаат безбедноста и да го дестабилизираат регионот, оцени денеска руското Министерство за надворешни работи како одговор на прашање од медиуми, објавен на официјалната веб-страница на Министерството.

„На операцијата во која Сулејмани беше убиен гледаме како на намерен чин насочен кон поткопување на безбедноста и стабилноста во регионот, извршена на територијата на суверена земја-членка на Обединетите нации без нејзино знаење“, се вели во оценката од Министерството.

Руското МНР ги повика сите страни да се воздржат, да се водат од здравиот разум и да им дадат приоритет на дипломатските напори.

Би можело да ве интересира

Законски измени во САД: Можат да се одбијат апликациите на имигрантите кои користеле бенефиции од државата

А1он

Улична камера сними пад на жена во моментот кога автобус поминува

А1он

Состанок на министрите за одбрана на САД и на Јужна Кореја

Ана Ололовска

Сезона на грип во САД: Најмалку 105 деца починати, над 29 милиони инфицирани

Ана Ололовска

ВИДЕО: Победа на Сандерс на изборите за претседателски кандидат во Невада

Ана Ололовска

Еспер учествувал на вежби за воен одговор на можни нуклеарни напади од Русија врз Европа

Ана Ололовска