Русија распореди борбени авиони со проектили во Калининград

Од:

Русија распореди три борбени авиони вооружени со хиперсонични ракети во руската енклава Калининград, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека во Калининградската област распоредени се и три авиони МиГ-31 со хиперсонични ракети Кинжал, како дел од стратешките мерки за одвраќање.

Калининград е пристаниште, град и административен центар на Калининградската област; енклава на Русија лоцирана помеѓу Литванија и Полска.

Ракетите Кинжал, што на руски значи бодеж, се невидливи за противвоздушната и противракетната одбрана на непријателот. Москва тврди дека овие проектили летаат со екстремно големи брзини, до 10 маха или 12.000 километри на час и дека во комбинација со маневарските способности, тие се исклучително тешки или невозможни за пресретнување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка блиску до историска одлука за Украина, ова може да го промени текот на војната

Катерина Ѓуровски

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите