Русија работи на ново хиперсонично оружје

Од:

Руското Министерство за одбрана разработува ново хиперсонично вооружување, кое ќе се користи со помош на плазма, соопштија руските власти.

– Речиси го усовршивме новото хиперсонично оружје, коешто користи сосема нови материјали и системи за управување, што пак, работат совршено на нов принцип – во плазма. Овие разработки се неопходни во современата армија, заради натпреварот во научно-техничката револуција, изјави рускиот заменик министер за одбрана Јуриј Борисов за весникот „Звезда”.

Натаму, тој истакнува дека најновите системи на вооружување, пред се, се насочени кон поскоро откривање на противникот и негова побрза елиминација.

Руските власти, исто така, навестуваат и пософистицирано ласерско и електромагнетно вооружување.

Би можело да ве интересира

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска