Русија протерува двајца фински дипломати

Од:

Русија прогласи двајца дипломати од Aмбасадата на Финска во Москва за „персона нон грата“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Финскиот амбасадор во Москва денеска бил повикан во руското Министерство за надворешни работи, каде му е врачен протест поради протерување на двајца службеници во Руската амбасада во Хелсинки.

За руското МНР неприфатливи се и испораките на оружје за Украина, како и текот на конфронтацијата на Финска со Русија.

Се наведува дека протерувањето на финските дипломати, се одговор на Москва на тие активности во Финска.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Фуат Октај: Шведска и Финска се уште не ги исполниле условите на Турција за влез во НАТО

Белорусија од Русија ќе добие ракетен систем Искендер-М

Петмина загинати при падот на рускиот воен транспортен авион

А1он

Блинкен: Војната на Русија ќе доведе до глад 40 до 50 милиони луѓе

А1он

ВИДЕО: Се урна руски воен авион, загинаа четири лица

Ана Ололовска

Франција најавува целосно полни капацитети за складирање гас додека Русија ги намалува испораките

А1он