Русија протера 14 бугарски дипломати

Од:

Руското Министерство за надворешни работи денеска на бугарскиот амбасадор во Москва Атанас Крастин му врачи нота со која се прогласуваат „персона нон грата“ 14 вработени во амбасадата и во конзуларните преставништва на Бугарија во Русија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено од руското МНР стои дека Москва смета оти протерувањето руски дипломати од Бугарија „нанесува значителна штета на традиционалните врски“ меѓу двете земји и укажува на „натамошна деградација на колективниот Запад, подготвен да ги жртвува интересите на своите партнери, само за да и наштети на Русија“.

Истовремено во документот се посочува дека „непријателските потези на Софија кон Москва немаат ништо заедничко со националните интереси на Бугарија и нејзиниот народ“.

Би можело да ве интересира

Санкциите и украинската војна доведоа Русија да е западната во големи економски проблеми

Горан Наумовски

Европската Унија и Русија се длабоко загрижени и повикуваат на воздржаност во Појасот Газа

Во Николаев воведен полициски час заради разоткривање на соработници на руските сили

Уапсен и обвинет за велепредавство водечкиот руски експерт за хиперсонични проектили

Најнова вест од западните медиуми: Путин бара помош од Северна Кореја

САД, Русија и Кина учествуваат во разговорите со земјите од југоисточна Азија

А1он