Русија повторно и нуди вакцини против Ковид-19 на Северна Кореја

Од:

Русија повторно и понуди вакцини против Ковид-19 на Северна Кореја по извештаите дека на земјата и се заканува глад поради строгиот локдаун. Пјонгјанг досега одби понуди за донација на вакцини од неколку земји.

Наместо имунизација, земјата одлучи да ги затвори границите за да спречи влегување на вирусот, но тоа ја запре трговијата со Кина од каде Северна Кореја увезува храна и гориво.

Ким Јонг-ун пред извесен период призна дека земјата се соочува со недостаток на храна опишувајќи ја ситуацијата како „тензична“. Тој го повика населението да се подготви „за најлошиот можен исход“.

Меѓународните санкции кон земјата дополнително ја влошуваат состојбата со храна. Извештаите на обединетите нации велат дека земјата ќе се соочи го недостиг на храна веќе на почетокот на следиот месец.

Експертите на ОН сметаат дека Северна Кореја не може да произведе доволно храна за да го прехрани населението во текот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Северна Кореја истрела проектил за кој се сомнева дека е балистичка ракета

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов