Русија потврди дека важен командант на војската е убиен во Мариупол

Од:

Руски официјални лица потврдија дека заменик-командантот на руската Црноморска флота, капетанот од 1. ранг Андреј Палиј, загинал во борбите во Мариупол.

Претходно Украина тврдеше дека го убила рускиот командант во градот Мариупол, кој е целосно под опсада и каде во моментов се водат најтешките борби.

Смртта на Палиј првично ја потврди секретарот на Поморскиот колеџ Нахимов, Константин Царенко на социјалната мрежа Вконтакте.

Подоцна, руски претставник од Севастопол, базата на Црноморската флота на Крим, истакна дека „Севастопол претрпе тешка, непоправлива загуба… Палиј загина во борбите за ослободување на Мариупол од нацистите“.

Би можело да ве интересира

МААЕ: Во близина на Запорожје има се повеќе конфликти, се зголемува ризикот од нуклеарна несреќа

Ана Ололовска

Европски шампион загина во Украина: Од боксерскиот ринг отиде во првата линија, загина по тешки борби!

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Русија: Во Украина првпат срушивме американска паметна бомба

Ана Ололовска

Македонија не може да биде неутрална кога Русија го загрозува светскиот мир, вели Османи

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Украина ги доби британските тенкови „Челинџер“

Катерина Павлова-Николовска

Русите наводно го смениле командантот кој беше тешко поразен во голема тенковска битка