Русија потпиша договор со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана С-400 во вредност од 2,5 милијарди долари

Од:

Нарачките на руска воена опрема од страна на Турција се проценуваат на околу една милијарда долари, изјави шефот на руската федерална служба за воено-технолошка соработка, Дмитриј Шугаев, во интервју за турската телевизија „Екотурк“.

– Денес можеме да кажеме дека нарачките на руската воена опрема од Турција изнесуваат вкупно една милијарда долари, рече Шугаев, додавајќи дека има цврста основа и добар потенцијал за натамошен континуиран напредок во развојот и соработката во воената сфера, објави ТАСС.

Во септември 2017 година, Русија потпиша договор со Турција за испорака на системот за воздушна одбрана С-400 во вредност од 2,5 милијарди долари, а првите испораки започнаа на 12 јули.

Во август 2019 година, турска делегација, предводена од турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган изврши увид во руските борбени авиони „Сухој-35“ и „Сухој-57“ на меѓународниот воздухопловен саем МАКС-2019 во Жуковски, во близина на Москва.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски