Русија планира да одговори со нуклеарно оружје на каков било ракетен напад

Од:

Русија ќе го употреби својот нуклеарен потенцијал во случај на каков било ракетен напад на нејзина територија, се вели во статија објавена од Генералштабот на руските вооружени сили.

Во статијата, со наслов „За основите на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното воздржување“, се вели дека секоја ракета која се движи кон руска територија би била идентификувана како нуклеарна, затоа што не постои можност да се одреди за каква точно ракета се работи, додека таа е во лет.

Притоа, претставници на Генералштабот истакнуваат дека во таква ситуација, ќе се смета дека целта на непријателот е уништувањето на Русија.

Авторите на статијата неведуваат дека Русија ги означила „црвените линии“ што никој не би требало да ги помине.

„Ако потенцијалниот противник се одлучи на тоа, одговорот без сомнение ќе биде разорувачки. Притоа, воено-политичкото раководство на Русија ќе одреди каков ќе биде одговорот, во зависност од ситуацијата,“ вели началникот ба Главната управа на Генералштабот, Андреј Стерлин.

Би можело да ве интересира

Нападната е жена, вработена во нотарска канцеларија

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он