Русија со потерници за судиите од Меѓународниот кривичен суд

Од:

Русија отвори кривична постапка против обвинителите и судиите на Меѓународниот кривичен суд кои издадоа налог за апсење на Владимир Путин, објави нејзиниот Истражен комитет.

„Истражниот комитет на Руската Федерација покрена кривична постапка против обвинителот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Карим Ахмад Кан и судиите Томоко Акане, Росарио Салваторе Аитали и Серхио Херардо Угалде Годинез“, се вели во соопштението на Комитетот на Телеграм.

Обвинителот се терети дека обвинил невин човек за кривично дело што не го сторил, но и дека подготвувал напад врз претставник на странска држава, кој е под меѓународна заштита. Направено е се со цел да се влоши политичката ситуација во светот, соопшти Истражниот комитет. Судиите се товарат за нешто слично – обид за намерно и противправно лишување од слобода, како и подготовка за напад на претставник на странска држава кој ужива меѓународна заштита, се со цел влошување на меѓународните односи.

МКС минатата недела го обвини Путин за киднапирање деца од Украина.

Во соопштението, судот наведува дека рускиот претседател е „одговорен за военото злосторство илегална депортација на населението (децата) и незаконското префрлање на населението (децата) од окупираните територии на Украина во Руската Федерација“.

Би можело да ве интересира

Путин: Русија сигурно ќе победи во војната во Украина

(ВИДЕО) Нов напад на рускиот град Белгород, дрон падна на улица

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Руски пратеник: Ајде да ја уништиме Британија, тогаш ќе разговараат со нас

Катерина Павлова-Николовска

Москва: Спречен е обид на Киев да изврши терористички напад врз цивилно население, убиени се 30 терористи

Горан Наумовски

По денешните напади во Украинка се огласија легијата „Слобода на Русија“ и рускиот Волонтерски корпус

Горан Наумовски

Политичар на руска телевизија повика на соборување на Путин и подобрување на односите со ЕУ

Горан Наумовски