Русија: Одлуката на Твитер да блокира реклами од „Раша тудеј“ и „Спутник“ е агресивен чекор

Од:

Русија смета дека одлуката на Твитер да ја блокира платформата за реклами од сметките на руските медиуми „Раша тудеј“ и “Спутник“ претставува агресивен чекор, преземен под притисок на американските разузнавачки служби и планира да преземе соодветни мерки, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

– Тоа го сметаме за нов агресивен чекор, кој има за цел да ја блокира дејноста на руската телевизија „Раша тудеј“, како резултат на притисок од страна на претставници на американската администрација и разузнавачките служби на САД. Природно е да следуваат соодветни мерки, истакна Захарова.

Таа нагласи дека спречувањето на работата на руските медиуми, „преку арсеналот на разузнавачките служби, претставува грубо кршење од страна на САД како на меѓународните, така и на внатрешните закони, кои гарантираат слобода на говорот“.

Според соопштението на Твитер, одлуката, која стапува на сила веднаш, е донесена врз основа на заклучокот на американските разузнавачки агенции дека двата медиума се обиделе да интервенираат во изборите на САД минатата година во име на руската Влада.

Минатиот месец Твитер соопшти дека се блокирани околу 200 руски налози, по истражувањето за електронска вмешаност во изборите.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски