Русија одби да издаде виза за претставник на НАСА

Од:

Официјална Москва денеска соопшти дека одбива да издаде виза за кандидатот за шеф на мисијата на НАСА во Русија, бидејќи претходно САД одбиле да издадат виза за руски претставник.

– Во прашање е принцип на реципроцитет, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рбјаков.

Тој додаде дека НАСА не е одговорна за препреките кон Москва, но оти тоа не е случај со другите американски владини агенции.

– Во идеален случај би ги укинале рестрикциите за дипломатските визи помеѓу двете земји. Предлагаме Вашингтон тоа да го спроведе во дело, посочи Рјабков.

Русија не соопшти кој американски претставник не добил виза, ниту изнесе повеќе детали за случајот.Русија и САД со децении успешно соработуваат во истражување на Вселената.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски