Русија нуди државјанство на три милиони Украинци

Од:

Москва понуди државјанство за околу три милиони Украинци од регионот на границата со Русија, кој е погоден од воени судири. Потегот ги разлути Киев и Европската унија.

Рускиот претседател Владимир Путин ја почна програмата оваа година заради забрзување на процесот за добивање државјанство за жителите на украинските региони Доњецк и Луганск, каде во последните пет години има судири меѓу украинската војска и проруските бунтовници, пренесува Хина.

Украина се закани дека ќе го одземе украинското на оние кои ќе земат руско државјанство, а ЕУ најави дека нема да ги признава руските пасоши добиени преку таа програма.

Судирот меѓу Украина и Русија почна во 2014 година откако Украинците го симнаа од власт прорускиот претседател и се звртија кон Запад. Според податоците на ОН, во судирите досега загинале околу 13.000 лица.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси