Русија: Не сме сигурни дека Ал-Багдади е мртов

Од:

Русија не е во состојба да ја потврди смртта на водачот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади, изјави директорот на руското разузнавање за надворешни работи Сергеј Наришкин.

„Ние немаме информации или генетски примероци за да го докажеме тоа официјално“, рече Наришкин.

На 27 октомври американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ал-Багдади е убиен за време на специјалната операција во Сирија.

Тој им се заблагодари на Русија, Ирак, Сирија и на Турција за помошта при акцијата.

Во меѓувреме, руското МНР соопшти дека нема информации за смртта на Ал-Багдади.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски