Русија не гледа никаква основа за промена на својот став за американските крстосувачки ракети откако САД соопштија дека се подготвени да се откажат оид финалната фаза на својот европски одбранбен ракетен систем, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рибаков.
– Тоа не е никаква концесија кон Русија и ние не ја гледаме како таква, нагласи Рибаков.
Во петокот американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел изјави дека САД ќе се откажат од завршната фаза на својот европски ракетен систем и дека истовремено донеле одлука за поставување на 14 дополнителни копнени противракетни пресретнувачи на Аљаска, како одговор на зголемените закани кои доаѓаат од Северна Кореја, за поставување дополнителен радарски систем во Јапонија и за спроведување истражувања за изградба на трета локација за пресретнувачи во ракетните силоси во САД.
– Не гледам никаква поврзаност меѓу руското противење за поставување на американскиот ракетен систем во Европа и она што го соопшти американскиот министер за одбрана. Сите аспекти на стратегиска неизвесност, кои се поврзани со формирање на некој ракетен одбранбен систем од страна на САД и НАТО и понатаму остануваат. Затоа го задржуваме нашето спротивставување, истакна Рибаков.