Русија: Не гаѓавме цивилни цели во Киев, уништена е фабрика за оружје

Од:

Русија објави дека погодила фабрика за производство на проектили во Киев и ја нарече информацијата дека станбениот кварт на градот е погоден „лажна вест“.

„Тоа е фабрика за оружје која како воена инфраструктура беше легитимна цел“, соопшти руското Министерство за одбрана, потсетувајќи дека истата фабрика била цел на напад во април.

Претходно шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак изјави дека „Русите повторно го погодиле Киев и дека проектилите оштетиле станбена зграда и градинка“.

„Руските сили нападнаа цивилни цели во Киев – лажна вест. Руски проектил прецизно ја погоди фабриката Артјом“, тврдат од руското Министерство за одбрана.

Руското министерство тврди и дека е направена штета на една станбена зграда при падот на украинската ракета за воздушна одбрана. Според украински извори, едно лице загинало, а пет се повредени во ракетирањето на Киев.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ