Русија нападна неколку градови во Украина, снема струја во пет региони

Од:

Рускиот ракетни напади денеска ја оштети енергетската инфраструктура во централна и западна Украина, соопшти државната електроенергетска компанија Укренерго. Русија денес изврши голем воздушен напад врз главниот град Киев и други украински градови, при што загинаа две лица, а најмалку 21 беа повредени и беше оштетена инфраструктурата низ целата земја, соопштија властите.

Нападот беше извршен на Меѓународниот ден на мирот, а се совпадна и со одржувањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, каде украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа говор и ја претстави својата „формула за мир“.

Ројтерс јавува дека нападите предизвикале прекин на електричната енергија во пет региони: Киев, Житомир, Дњепропетровск, Ривне и Харков. Украинските власти соопштија дека најмалку седум лица се ранети во воздушните напади на Киев, додека двајца се повредени во Харков. Најмалку две лица ги загубија животите при гранатирањето на Херсон.

Украинската противвоздушна одбрана собори 36 од 43 проектили лансирани од Русија денеска за време на напад низ целата земја, изјави командантот на украинската армија. Валериј Залужни, врховен командант на украинските вооружени сили, на Телеграм изјави дека руските сили лансирале проектили од авиони на југот на Русија и дека постојано го менуваат курсот.

Би можело да ве интересира

Британски “Економист“: Изгледа Русите ќе ја добијат војната во Украина

Карпентер: Русија останува изолирана во рамки на ОБСЕ, постигнат договор за фукционалноста на организацијата

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Ако Русија нападне членки на НАТО, американските деца ќе мора да се борат

Војната со Украина нема да заврши наскоро, првите преговри ги минирала Британија објави Лавров

Орце Костов

ВИДЕО: Во Украина оштетени или уништени околу 170.000 објекти, загинаа околу 10.000 цивили

Зеленски призна: „Ќе биде потешко да се врати Донбас отколку Крим“