Русија најави натамошна употреба на хиперсонични ракети во Украина

Од:

Руската армија денеска соопшти дека ќе продолжи да ја користи својата најсовремена хиперсонична ракета за гаѓање исклучително важни цели во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков изјави дека хиперсоничната ракета „Кинжал“ „ја докажала својата ефикасност со уништување на добро обезбедени специјални објекти“.

Конашенков истакна дека ракетата „Кинжал“ била употребена во петокот при нападот на магацинот за ракети во Делијатин, кога првпат тоа ново оружје беше употребено во борба.

Новата ракета е употребена и во нападот на складиштето за гориво во Костијантиновка, во близина на црноморското пристаниште Миколаев, во текот на викендот.

– Ракетите „Кинжал“ беа истрелани од далечина поголема од 1.000 километри, изјави Конашенков.

„Кинжал“, едно од многуте хиперсонични оружја што Русија ги разви во изминатите години, има дострел од 2.000 километри и лета со брзина десет пати поголема од брзината на звукот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ганг: Односите меѓу Кина и Русија се фактор кој ќе донесе глобален мир и стабилност

Горан Наумовски

ISW: Украинската контраофанзива предизвикува загриженост во рускиот информативен простор

Медведев: Москва се подготвува за украинската контраофанзива

Ана Ололовска

Лажна е фотографијата на која Путин е клекнат пред кинескиот претседател

Предраг Петровиќ

Меѓународниот кривичен суд одговори на заканите од Русија

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Падна во несвест во шоуто на пропагандист на Путин

Ана Ололовска