Русија потпишала договор со Индија за испорака на околу 1.000 крстосувачки ракети, јавија руските медиуми, повикувајќи се на нивната Агенција за воена и технолошка соработка.
„Точно е дека е потпишан голем договор за испорака на околу 1.000 ракети на Индија за различни намени“, соопштија од менаџментот на руската агенција.
Руските медиуми вчера јавија дека двете земји потпишале спогодба за испорака на големо количество ракети воздух-воздух Р-27, наменети за индиските воздухопловни сили, додавајќи дека ракетите имаат продолжен досег што на авионите им овозможува да ги напаѓаат непријателските авиони на поголема оддалеченост.
Според досега познатите елементи, договорот е во вредност од 200 милиони долари.