Русија ќе ја понуди вакцината „Спутник В“ во форма на спреј за нос

Од:

Русија почнува со производство на верзија на својата вакцина „Спутник V“, која ќе може да се прими во форма на спреј за нос.

Назалната верзија на вакцината Спутник В исто така ќе биде двокомпонентна, но во форма на спреј и ќе ја даваат само лекари, изјави заменик-градоначалничката на Москва за социјален развој, Анастасија Ракова.

– Тоа е истата двокомпонентна вакцина Спутник В, само што во кутијата ќе има и специјален спреј. Пациентите нема да можат сами да го користат, без оглед на тоа што неговата употреба е едноставна. Само медицински професионалец ќе може да го вбризга. Ќе се применува двапати, рече Ракова.

Таа објасни дека оваа верзија на вакцината формира локален имунитет, таа е помалку ефикасна, но е побезбедна. Овој лек ќе биде погоден за оние на кои не им се препорачува вакцина.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски