Русија, Кина и Саудиска Арабија ги зголемиле трошоците за вооружување

Од:

Трошоците за вооружување минатата година биле намалени во САД и Западна Европа, но биле зголемени во другите делови на светот поради конфликтите на Блискиот Исток, Источна Европа и Африка, соопшти денес Стокхломскиот меѓународен институт за истражување на мирот.

На оружје минатата година потрошени се 1.800 милијарди долари, што е за 0,4 отсто помалку во однос на годината претходно. Поради намалување на буџетскиот дефицит, САД потрошиле 6,5 отсто помалку пари, но Кина, Русија и Саудиска Арабија потрошиле значително повеќе.

Трошоците на Саудиска Арабија пораснале за 17 отсто, а на Кина за речиси 10 отсто достигнувајќи 216 милијарди долари.

Војната во Украина поттикна многу земји во Средна Европа, Балтичките земји и Скандинавија повеќе да купуваат оружје, додека Франција, Велика Британија, Германија, Италија и Шпанија ги намалиле буџетите.

Украина ги зголемила трошоците за оружје за 20 отсто, најавувајќи дека оваа година ќе ги зголеми дупло.

Извор: МЕТА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот