Русија: Киев стои зад „терористичкиот напад врз Москва“

Од:

Руското Министерство за одбрана тврди дека Киев стои зад „терористичкиот напад“ со беспилотни летала врз руската престолнина.

Министерството соопшти дека во нападот учествувале осум беспилотни летала и дека сите биле уништени со противвоздушни ракети.

Тие исто така рекоа дека неколку дронови паднале врз згради, предизвикувајќи „мали штети“. Градоначалникот на Москва тврди дека две лица побарале лекарска помош по нападот. Рускиот истражен комитет соопшти дека го истражува нападот со дронови.

„Утринава режимот на Киев изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти во Москва. Во нападот учествуваа осум беспилотни летала. Погодени се сите непријателски беспилотни летала“, соопшти Министерството.

Би можело да ве интересира

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат