Русија ја забрани работата на московското биро на канадската телевизија Си-Би-Си

Од:

По наредба на руското Министерство за надворешни работи денеска е затворено московското биро на канадската телевизија Си-Би-Си (CBC) и притоа руските власти ги повлекуваат и визите и акредитациите на новинарите на овој јавен радиодифузен сервис, откако Канада ја забрани руската државна телевизија „Русија тудеј“, јави ДПА.

-Со жалење и натаму забележуваме отворени напади врз руските медиуми од земјите на таканаречениот колективен Запад што себе си се нарекуваат цивилизирани, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

„Донесена е одлука да се преземат одмазднички, нагласувам одмазднички мерки во врска со акциите на Канада: затворање на московското биро на Канадската радиодифузна корпорација, вклучително и поништување на акредитациите и визите на нивните новинари, додаде таа, пренесува ДПА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он