Русија ја укинува горната старосна граница за пријавување во војска

Од:

Рускиот парламент ја разгледува можноста за укинување на горната старосна граница за пријавување во армијата, што е уште еден знак дека земјата се соочува со недостиг на пешадија за продолжување на офанзивата во Украина.

Во моментов, Русите на возраст од 18-40 и странци на возраст од 18-30 години можат да го склучат својот прв договор со војската. Предлог-законот кој денеска е на дневен ред на Долниот дом на парламентот целосно би ја укинал таа горна старосна граница.

Двајца членови на владејачката партија Единствена Русија кои го воведоа законот рекоа дека овој потег ќе и овозможи на војската да ги користи вештините на постарите експерти.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина