Русија ја регистрира вакцината „Спутник лајт“ во една доза, тврди дека е 80 отсто ефикасна

Од:

Еднокомпонентната вакцина против коронавирусот „Спутник лајт“ е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти, што е поголема отколку кај многу вакцини со две дози, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ).

За регистрацијата на оваа вакцина соопштија и Министерството за здравство на Русија и Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

„Ефикасноста на вакцината е 79,4 проценти од 28-от ден по имунизацијата. Стапката од околу 80 проценти ги надминува стапките на ефикасност кај многу вакцини со две дози“, се вели во соопштението.

Според лабораториските истражувања на центарот „Гамалеја“, вакцината „Спутник лајт“ е ефикасна против сите нови видови на коронавирус.

„Не се регистрирани сериозни несакани ефекти по имунизацијата со вакцината „Спутник лајт“, се додава во соопштението.

Како што истакнуваат, „Спутник лајт“ не бара посебни услови за складирање и логистика, а цената е прифатлива – помалку од 10 долари.

Примената на единечна доза, пак, овозможува голем број луѓе да се вакцинираат за кратко време.

Шефот на РФПИ, Кирил Дмитриев изјави дека „Спутник В“ останува главно средство за вакцинација против коронавирусот во Русија, додека еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт“ главно ќе се извезува во странство.

Рускиот фонд соопшти дека повеќе од 20 милиони луѓе ширум светот до 5 мај ја примиле првата доза на вакцината „Спутник В“.

„Случаи на церебрална синовенска тромбоза (ЦВСТ) не се пријавени“, се вели во соопштението.

Нагласено е дека производството на вакцината ги исполнува најстрогите стандарди со темелна процедура со четири фази на прочистување на вакцината. паг/

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски