Русија испратила ракетни системи во Сирија за да ги заштити своите вооружени сили таму, изјави командантот на руските ВВС, генерал-полковник Виктор Бондарев.
Тој изјави дека руски воени авиони може да бидат киднапирани во држави соседни на Сирија и да се користат за напади врз руските сили.
– Направивме проценки на сите можни закани. Испративне не само воени авиони, бомбардери и хеликоптери туку и ракетни системи во Сирија. Треба да бидеме подготвени, изјави Бондарев.