Русија испрати авион во САД за да ги земе протераните дипломати

Од:

Рускиот владин авион кој се движи од Санкт Петербург кон Вашингтон, ќе ги врати руските дипломати назад во нивната земја, објави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова на нејзиниот канал на Телеграм.

– Овој авион ќе ги врати во нивната татковина, руските дипломати, кои американската влада ги прогласи за персона нон грата, додаде Захарова, без да прецизира кога точно тоа ќе се случи.

Владата на САД одобри чартер лет на руската влада за да го олесни заминувањето на рускиот персонал од Мисијата на Обединетите нации кои беа протерани поради злоупотреба на нивните привилегии на престој, пренесува Си-Ен-Ен.

– Овој посебен исклучок беше направен во согласност со федералните регулативи за да се обезбеди дека персоналот на руската мисија и нивните семејства ќе заминат до датумот што го наложивме, рече портпаролот на Стејт департментот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски објави важна вест: Утре..

Каква е реалната ситуација на терен: За Украинците отчукува часовникот, нема големи шанси за пробив

Цените на нафтата паѓаат, Русија и Саудиска Арабија планираат да ја зголемат понудата

Русија: Уапсивме човек од Крим кој и даваше информации на Украина

(ВИДЕО) Путин се сретна со поранешниот командант на „Вагнер“: „Од сега па натаму работи за мене“

Украински дрон погоди руска електрана