Русија инсталира систем за противвоздушна одбрана во украинската нуклеарна централа Запорожје

Од:

Руските сили почнаа да инсталираат систем за воздушна одбрана во најголемата европска нуклеарна централа Запорожје откако гранатирањето предизвика страв од катастрофална несреќа.

Претставници на руските сили изјавија дека нуклеарната централа во моментот работи нормално и дека се поправени далноводите и оштетените единици на реакторот.

Нуклеарната централа во јужна Украина, која е под руска контрола, беше гранатирана неколку пати во изминатите неколку дена, што предизвика меѓународна загриженост за безбедноста на постројките.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за нападите.

Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека поддржува посетата на набљудувачите од Меѓународната агенција за атомска енергија на нуклеарната централа Запорожје.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ