Русија и Украина се обвинуваат за убиство на затвореници

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи ја обвини Русија дека извршила воено злосторство со нападот на затворот Оленивка, кој е под руска контрола, во кој биле сместени украински воени затвореници.

„Русија изврши уште едно ужасно воено злосторство со бомбардирање на објект во окупираната област Оленивка, каде што држеше украински воени затвореници“, напиша Дмитро Кулеба на Твитер.

Ги повикувам сите партнери силно да го осудат ова брутално кршење на меѓународното хуманитарно право и да ја сметаат Русија за терористичка држава“, напиша шефот на украинската дипломатија коментирајќи го нападот.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат дека се одговорни за нападот на Оленивка, затвор во кој се сместени украински воени затвореници лоциран на проруска сепаратистичка територија. Москва проценува дека во нападот загинале 40 лица.

Украина демантираше дека го извршила овој напад, тврдејќи дека во својата воена акција не е насочена кон цивилна инфраструктура или воени заробеници.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев