Русија и Украина се договорија за хуманитарен коридор за ранетите војници од Азовстал

Од:

Руската војска наложи прекин на огнот во областа на челичарницата Азовстал и отвори хуманитарен коридор, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Со претставниците на украинската страна е постигнат договор за евакуација на ранетите војници во здравствените установи.

„На 16 мај, како резултат на преговорите со претставници на украинскиот воен персонал блокиран на територијата на металуршката фабрика Азовстал во Мариупол, беше постигнат договор за евакуација на повредените“, се вели во соопштението на руското Министерство.

Ранетите се префрлени во болница во Новоазовск на територијата на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси