Русија и СЗО разговараа за итно одобрување на вакцината против Ковид-19, Спутник V

Од:

Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко вчера разговараше со генералниот директор на Светска здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебреисус за руското барање за итно одобрување за употреба на вакцината Спутник V.

– За време на разговорот тие се осврнаа и на начинот на борба против ширењето на новиот коронавирус, вклучително имунизацијата на населението, на подобрувањето на јавното здравје и за зголемување на достапноста на медицинската заштита. Разговараа и за одобрување на итна употрена на руската вакцина Спутник V, се наведува во соопштението на руското Министерство за здравство.

Марушко и Гебреисус разговараа и за проектите на руското Министерство за здравство, чија цел е подобрување на јавното здравје и зголемување на пристапот до здравствената заштита.

– Генералниот директор на СЗО ги пофали напорите на Русија за етапно воведување на дигиталната технологија во здравствениот систем, со што ќе се поедностави комуникацијата помеѓу пациентите со медицинскиот персонал и ја подобрува ефикасноста на негата, се посочува во соопштението на руското Министерство за здравство.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он