Русија и Кина шират муабети за нашите вакцини, се жалат Американците

Од:

Русија и Кина ги промовираат своите вакцини против коронавирусот преку обиди за клевета на сличните американски препарати, соопшти Белата куќа, повикувајќи се на констатациите на Стејт департментот.

– Тоа не е само конкуренција на вакцините: ризикот и влијанието се дека овој вид дезинформации се фокусираат на претерување со несаканите ефекти на западните вакцини, изјави на брифинг портпаролката на претседателската администрација, Џен Псаки.

Според неа, јавноста е доведена во заблуда со лажните тврдења дека вакцините на производителите Модерна и Фајзер, кои се потпираат на мРНК-технологијата, не ги поминале потребните испитувања и оти се опасни.

– Кина исто така тврди дека САД … не дозволуваат други земји да купуваат вакцини, и покрај доказите за спротивното. Ширењето на тврдењата дека одобрените лекови се неефикасни и не помагаат … е штетно, нагласи Псаки.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија