Русија и Кина одбележуваат 20 години стратегиско партнерство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ќе разговараат на дваесетгодишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу двете земји. Разговорот ќе се спроведе преку видео врска, соопшти прес-службата на Кремљ.

„На 28 јуни 2021 година ќе се одржи видео конференциска врска меѓу претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, и претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, по повод 20-годишнината од потпишувањето на руско-кинескиот договор за добрососедство, пријателство и соработка “, наведува прес-службата на рускиот претседател.

Кремљ појасни дека двајцата претседатели ќе разменат честитки и ќе ја проценат моменталната состојба и изгледите за развој на стратешкото партнерство. Исто така, се планира да дискутираат за актуелни прашања од меѓународната агенда.

Русија и Кина имаат блиски деловни и политички врски. Пандемијата на коронавирусот влијаеше врз нивниот интензитет: лидерите на двете земји последен пат се сретнаа лично во ноември 2019 година на маргините на самитот на БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) во Бразил. На 19 мај, Путин и Си, на конференција во видео формат, присуствуваа на церемонијата по повод почетокот на изградбата на седмата и осмата единица на нуклеарната централа Тијанван, како и на третата и четвртата единица на нуклеарната централа Ксудапу во Кина.

Би можело да ве интересира

Протести во Москва за укинување на електронското гласање

Кина ги прогласи за незаконски сите трансакции со криптовалути

А1он

Официјално: Единствена Русија ќе има 324 пратеници во Думата

Ана Ололовска

Во Русија најмногу починати од Ковид-19 за еден ден

Ана Ололовска

Русија почна подготовки за испраќање човек на Месечината

А1он

Отворени „Деновите на руски јазик и култура“, вечерва проекција на филмот „Црвениот призрак“

А1он