Русија и Индија потпишаа договори за трговија и оружје

Од:

Русија и Индија, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Њу Делхи, потпишаа серија трговски договори и договори за оружје, меѓу кои и дека Индија ќе произведе повеќе од 600.000 калашникови.

Како што пренесуваат странските агенции, Путин отпатува во Индија придружуван од министрите за одбрана и за надворешни работи, во време на исклучително затегнати односи меѓу Русија и САД, исто така клучен индиски партнер, кој изрази резервираност за растечката воена соработка меѓу Москва и Њу Делхи.

Во заедничкото соопштение по разговорите меѓу Путин и индискиот премиер Нарендра Моди се наведува дека Русија и Индија „ја повториле намерата да ја зајакнат одбранбената соработка, вклучително и заедничкиот развој на производство на воена опрема“.

Со договорот дека Индија ќе произведува пушки АК-203, Русија соопшти дека е заинтересирана да продолжи да испорачува системи за воздушна одбрана С-400 на Индија.

Индискиот министер за надворешни работи Харш Вардан Шрингла рече дека двете земји потпишале 28 инвестициски договори, вклучувајќи договори за челик, бродоградба, јаглен и енергија. Тој додаде дека договорот од 2018 година за ракетните системи С-400 во моментов се спроведува.

– Испораките започнаа овој месец и ќе продолжат, рече тој, мислејќи на С-400.

Со договорот со Москва за набавка на воена опрема, Индија ризикува американски санкции.

Руската нафтена компанија Роснефт соопшти дека потпишала договор со Индијан Оил за снабдување на Индија со околу 2 милиона тони нафта до крајот на 2022 година.

Двете земји потпишаа и меморандум за разбирање според кој Русија треба да и обезбеди на Индија континуирано снабдување со јаглен за да го поддржи нејзиното производство на челик.

Путин и Моди разговараа и за ситуацијата во Авганистан, изразувајќи ја својата посветеност да се осигура дека земјата никогаш повеќе нема да стане безбедно засолниште за меѓународниот тероризам.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски