Русија и го продолжи притворот на уредничката на Радио Слободна Европа

Од:

На руско-американската новинарка Алса Курмашева, која беше обвинета за кршење на рускиот закон за странски агенти, и беше продолжен притворот до 5 декември. Курмашева е новинарка од Прага која работи за Радио Слободна Европа/Радио Слобода (РСЕ/РЛ), кое е финансирано од американскиот Конгрес и означено од Русија како странски агент, што значи дека добива странско финансирање за активности кои се сметаат за политички.

Таа е втората американска новинарка која е уапсена и обвинета во Русија од почетокот на војната во Украина.

Откако во март беше уапсен новинарот на Вол Стрит Журнал, Еван Гершкович, под обвинение за шпионажа, што тој го негира, речиси сите други американски новинари ја напуштија Русија. Вашингтон постојано ги повикува другите Американци да си заминат.

Американскиот Стејт департмент минатата недела соопшти дека случајот против Курмашева се чини дека е уште еден случај на малтретирање на американски државјани од страна на руската влада. Кремљ го негираше ова и го нарече коментарот несоодветен.

Курмашева, која поседува и американски и руски пасош, влезе во Русија на 20 мај поради вонредна состојба во семејството, јави РСЕ. Додека го чекала повратниот лет на 2 јуни, била приведена и и биле одземени пасошите. Руските власти на 18 октомври објавија дека Курмашева е обвинета затоа што не се регистрирала како странски агент, објави РСЕ.

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови