Русија го прогласи независниот новински сајт „Медуза“ за непожелна организација

Од:

Руските власти денеска го прогласија независниот новински сајт „Медуза“ со седиште во Летонија за непожелна организација, што значи забрана за работа на нејзината веб-страница во Русија и забрана на сите Руси да соработуваат со тој медиум и неговите новинари.
Во соопштението на рускиот државен обвинител се наведува дека „Медуза“ претставува закана за темелите на уставниот систем и безбедноста на Русија.
Обвинителот посочи дека на непожелните организации им е забрането да работат
на територијата на Русија под закана од кривично гонење, како и дека секој кој учествува или соработува со такви групи може да се соочи со кривично гонење.

Тие кои се кривично гонети поради соработка со непожелни организации може да се соочат со големи парични казни, па дури и со повеќегодишни затворски казни.

Основачот на руската приватна паравоена организација „Вагнер“, Евгениј Пригожин, во јули минатата година јавно повика на прогласување на „Медуза“ за непожелна организација.

Во писмото до главниот руски обвинител, Пригожин го осудува известувањето на „Медуза“ за војната во Украина.

Уште еден независен руски сајт за вести „Медијазона“ денеска соопшти дека е обвинет за ширење лажни информации за руската војска.

Рускиот Парламент набрзо по почетокот на нападот врз Украина усвои Закон кој предвидува затворски казни до пет години поради дискредитација на вооружените сили и до 15 години за намерно ширење лажни информации за нив.

Руските власти оттогаш го блокираа пристапот до десетици веб-страници, а десетици руски и меѓународни медиумски куќи ја напуштија Русија.

„Медуза“ е еден од руските најчитани независни новински сајтови, а седиштето му е во Летонија од основањето во 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски