Русија го менува тонот кон Советот на Европа

Од:

Русија го промени тонот кон Советот на Европа, изразувајќи пофални зборови за него, што се оценува како подготвеност на Москва да остане членка на оваа најстара паневропска организација.

На Русија и се закануваше исклучување од Советот на Европа, откако украинската криза предизвика длабока криза помеѓу организацијата и Москва.

Иако изгледаше дека Русија ќе замине од организацијата, помирувачките тонови од двете страни го прават ова сценарио помалку веројатно, во моментот кога Комитетот на министрите на Советот на Европа заседава во Хелсинки. Овие помирувачки тонови, меѓутоа предизвикаа незадоволство во Киев, кој сега се заканува да ќе го напушти Советот на Европа, кој годинава слави 70 години од своето основање.

Министерството за надворешни работи на Русија оцени дека средбата на Комитетот на министри, на која присуствува и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, има „решавачка улога за иднината на Советот”.

– Русија е заинтересирана за зачувување и зајакнување на Советот на Европа, како една од најпочитуваните меѓународни организации на европскиот континент, се вели во соопштението на руското Министерството.

По руската анексија на Крим во 2014 година, Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) им ги одзема правата на руските пратеници, особено правото на глас. За возврат, Москва од јуни 2017 година го суспендираше своето учество во буџетот на Советот на Европа, што претставува 33 милиони евра или седум отсто од вкупните приходи, ставајќи ја организацијата во финансиска криза, а руските пратеници сега одбиваат да присуствуваат на седниците на ПССЕ.

Според правилата на Советот, земја членка која не плаќа членарина две години по ред ризикува исклучување.

Би можело да ве интересира

Путин со инструкции за соодветен одговор на САД

Ана Ололовска

Ракетниот систем С-400 соборил цели што летале со бризина поголема од 2.000 км/ч

Ана Ололовска

Навални: Протестите ќе продолжат и ќе бидат помасовни

Ана Ололовска

Навални утринава е пуштен од 30-дневниот притвор

Ана Ололовска

И Канада е против враќањето на Русија во Г7

Ана Ололовска

Навални утре на слобода, судот го одби барањето за продолжување на казната