Русија ги суспендира американските контроли предвидени со договорот „Нов СТАРТ“

Од:

Официјална Москва синоќа соопшти дека ги суспендира американските контроли на руските воени базаи предвидени со договорот „Нов СТАРТ“ за нуклеарно разоружување на двете суперсили. Одлуката е донесена како одговор на попречувањето на руските контроли на американските нуклеарни капацитети.

Русија „официјално ги известила“ САД дека „привремено ќе бидат изземени“ сите нејзини бази што се во план за проверка врз основа на „Нов СТАРТ“. Станува збор за ракетни воздушни и поморски бази во кои има нуклеарни боеви глави.

„Руската Федерација е принудена да ја преземе оваа мерка…поради актуелната ситуација што им дава на САД еднострана предност и ја лишува Русија од правото да врши инспекции на американска територија“, се наведува во соопштението на руската дипломатија.

Договорот „Нов СТАРТ“ е последниот билатерален договор од тој вид потпишан од двете најголеми нуклеарни сили во светот. Согласно документот од 2010 година арсеналот на двете нуклеарни сили е ограничен на 1.550 боеви глави, речиси 30 отсто помалку од максимумот договорен во 2002 година.

Соговорот што во јануари минатата година беше продолжен за пет години им дозволува на властите на Москва и на Вашингтон да спроведуваат по дваесеттина проверки на ривалските нуклеарни капацитети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски